Се запали Кајакарскиот Клуб на Матка

Две пожарникарски возила синоќа интервенирале по повик за пожар во кајакарскиот клуб во Долна Матка, а опожарени биле 50 м2, јавува МКД.МК.

Причинетата материјална штета се проценува на 180 илјади денари, а засега не се знаат причините за настанувањето на пожарот.

Инаку, периодов е актуелен спорот на општина Сарај со град Скопје за диво поставените платформи на езерото Матка.

Вчера Град Скопје ја повика општина Сарај да постапи согласно законските надлежности во однос на дивите платформи на Матка.

– Градот Скопје ја охрабрува општината Сарај да постапи согласно со своите законски надлежности кога се дивоградбите во прашање. Впрочем, нема поголем интерес ниту за граѓаните на Скопје, ниту за граѓаните на Сарај од владеењето на правото, еднаквостa пред законите и целосното функционирање на институциите, изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Претходно градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети изјави дека општината нема да ги легализира дивите платформи на Матка, но оти не може ниту да ги урне бидејќи имаат барање за легализација. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2019 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега