Вучиќ бесен, хаос во Србија: Нема да дозволиме со насилство да си ги исполнат желбите

Вистински хаос се одвиваше во Србија каде демонстранти ја пробија заштитната ограда на Владата. 

- „Се случи 5-ти октомври а истото наскоро ќе му се случи и него наскоро. Тој е готов. Ние имаме проблем само со еден човек а тој се крие во оваа зграда позади нас. Нема веќе враќање назад. До Велигден Александар Вучиќ нема да биде претседател на Србија.“ - изјави Вук Јеремиќ.

Се обрати и претседателот на Србија Вучиќ.

- „На насилството му дојде крај, сите оние кои учествуваат во насилство за тоа и ќе одговараат. Нив не им е целта РТС туку човекот кој може во лице да им каже дека се крадци. Личноста која не се плаши да им каже што се украдоа. Сите оние кои се дел од некакво насилство, без разлика дали тоа беше вчерашниот насилен влез во РТС или пак некое друго злосторство во иднина, ќе одговараат пред законот. Лоша слика е испратена од Србија.“ - изјави Александар Вучиќ.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега