Уште еден млад живот згасна на македонските патишта: Млад мотоциклист загина на лице место пред наплатна рампа кај Градско

Мотоциклистот А.Д. (30) од Скопје загина при директен судир со комбе што се случи попладнево околу 16 часот на автопатот Градско – Велес, после наплатната рампа кај Градско.

Според првичната информација од СВР Велес, моторциклистот веднаш им подлегнал на повредите, а екипа на СВР Велес и јавен обвинител е на местото на настанот и ги утрвдуваат причините за тешката сообраќајна несреќа.

Д-р Слободанка Ристевска од службата за Итна помош во Велес за МИА потврди дека со екипата веднаш по повикот отишле на местото на нестанот, но кога пристигнале мотоциклистот бил веќе починат и тие само ја потврдиле неговата смрт.

– Во комбето немало повредени, информира Ристовска. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега