Вучиќ: Не се плашам од од силеџии, моја работа е да ја бранам Србија од фашисти

Српскиот претседател Александар Вучиќ кој држеше прес конференција додека надвор пред претедателската палата повторно имаше протест кажа дека нема да дозволи да се повтори насилство како синоќешното во РТС.

-Затоа што молчевме на навредите кои ги слушаме со месеци, и се трудевме да се занимаваме со нашите работи, отворивме 200 фабрики, погони, и тоа е нешто со кое Србија се гордее. Се она што другите не го направиле, зошто може да се фалат со дебелината на своите паричници. Кога некој ќе каже Вучиќ лопову, натерани да викаат од тие што украдоа по 500 милиони евра од државата е повеќе од смешно. Да биде јасно, Србија нема да дозволи со насилство да загрозувате било кого, сите што мислите дека со физички напади можете да остварите политички поени се лажете, рече Вучиќ.

-Сето ова што викаат околу не е пријавено, и се е во ред, попуштаме, почитуваме, но се додека нема насилство. Имаше 1584 луѓе пред РТС синоќа. Во овој момент се уште помалку. Фашистот Обрадовиќ и тајкунот Ѓилас мора да се вратат на власт, знаат дека е завршена истрагата за одредени фирми и знаат колку пари имаат украдено, знаат дека и за други тајкуни кои ги поддржуваат финанасиски истрагите се при крај, рече Вучиќ.

Мислеа дека нема да можам да дојам овде денеска, немам страв од нив, немам 500 милиони евра. Не се плашам од силеџии, моја работа е да ја бранам Србија од фашисти. Тие што кршеа стакла во РТС, на сите треба да им е јасно каква поддршка добиваат од Приштина зашто главна вест беше таму дека бил Ѓилас претепан, никој не го ни чепна. Само тој тепаше луѓе, него никој.

Харадинај кога рече дека ќе ме урне од власт мислев се шегува, сега гледам дека има свои соработници тука. Бошко Обрадовиќ е ситен фашиста, кој мисли дека со претепување луѓе може да постогне нешто, тој ја прететпа и неговата сопартијка, има некоја потреба да тепа жени.

Но наидоа на тврд орев, јас воопшто не им се плашам, ние знаеме дека РТС не им е мета, туку јас, кој не се плаши дека се лопови, кој ќе извади се што разграбале, и затоа што економски и воено Србија е појака од времето кога тие беа на власт.

Страв не смее да пости од хулигани и од фашистички лидери, она што ми е поважно е да ги замолам пристојните луѓе да не учествуваат во насилство, зошто сите ќе одговараат пред законот, рече Вучиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега