Почина во прегратките на својот татко - тригодишно момче е најмладата жртва на масакрот во Ноз Зеланд

Меѓу 49. жртви на масакрот во џамијата во Нов Зеланд е и едно тригодишно дете кое починало во прегратките на својот татко. И понатаму трае процесот на идентификација на жртвите.

Малиот Мукад Ибрахим е именуван како една од најмладите жртви во Крајстчерч. Како што пренесува „Дејли меил“, тој прво се водел како исчезнат, но сепак е потврдено најстраѓното.

Момчето присуствувало во молитвата во џамија со таткото и постариот брат Абдиј Ибрахим, кога напаѓачот Брентон Тарант влетал во џамијата Ал Нур и почнал да пука.

Се верува дека неговиот татко и братчето преживеале затоа што се преправале дека се мртви.

Неговото семејство залудно го барало после нападот, а сега на Фејсбук е објавено и неговото име меѓу жртвите на нападот.

-Сите ние припаѓаме на Бога и нему ќе му се вратиме. Ќе ни недостасуваш, мил брате - напишал Абди.

Во саботата утрината. едејн семеен пријател потврдил дека малиот Мукид починал во прегратките на својот татко.

-Мукад Ибрахим за жал почина во рацете на својот татко минатата ноќ. Почивај во мир мал пријателу, на сите ќе ни недостасуваш - напишал тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега