Пендаровски: Целиот мој мандат ќе ги штитам правата на граѓаните

Вчера првпат видовме првостепена пресуда за насилниците кои на 27. април сакаа да го спречат мирниот трансфер на власт. Меѓутоа, за жал, опозициониот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да го осуди тој чин. Со луѓе кои немаат доблест да осудат чин на насилство Македонија не може да биде демократска држава и не може да оди напред. Како претседател имам намера без отстапка во целиот мој мандат да ги штитам правата на граѓаните и жестоко да се борам против секој обид за лимитирање на нивните права и слободи, порача во видео обраќањето утрово претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега