Тасева: Корупцијата во судството не е само перцепција туку реалност

Не е само перцепција ставот на граѓаните дека судството е корумпирано, рече во изјава за Детектор на Сител, Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл.

 

“Мислам дека тоа не е само перцепција. Тоа е реално искуство на граѓаните. Ние забележавме од оваа анкета дека најголем дел од луѓето од бизнисот рекле дека имале директно искуство со корупцијата“, вели Тасева.

Инаку истражувањето на јавно мислење кое ИПИС го спроведе за Детектор во периодот од 28 февруари до 5ти март годинава на репрезентативен примерок од 1125 испитаници од целата земја покажа дека нејголем дел граѓани судството го ставаат на врвот на листата според степенот на корупција која го перцепираат. По судството граѓаните ги рангираат здравството и полицијата

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2019 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега