Силјановска: Македонија е среќна што Дурловски е слободен, но тажна за 211 години затвор за 15-мината осудени

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова оствари средба со граѓаните од населеното место Могила, каде зборуваше за пресудите за осудените за настаните од 27. април.

– Македонија денес е среќна што Игор Дурловски конечно ја доби слободата и мирот кои што му беа одземени пред речиси 2 години. Но, тажен ден, зошто со 211 години дури затвор за 15-мината осудени Македонија наликува на земја што има сериозни проблеми со тероризам. Не се согласувам се разбира со овој впечаток што го делат моите колеги кога прашуваат за драконските казни. Она што најмногу ме загрижува е фактот дека ние правниците или некои од нас честопати велиме дека нема поголема неправда од задоцнетата правда – рече Силјановска.

Таа додаде дека како правник се надева и верува оти повисоките судски инстанци, а можеби и Стразбуршкиот суд ќе се водат навистина од правото и правдата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2019 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега