Сопругата на Никола Младенов: Разликата меѓу едните и другите е во методите да го замолчат

Сопругата на Никола Младенов, Билјана Младенова во вечерашното прво појавување во јавноста на 1ТВ рече дека имало два најтешки моменти за весникот Фокус, а разликата меѓу едната  другата власта биле методите кои ги преземале за да го замолчат Никола.

-На ниедна власт не и било драго да биде критикувана. Разликата меѓу едните и другите е во методите што ги преземаа да го замолчат. Најтешки моменти за Фокус беа периодот од 2004-2005 година и периодот од 2008-2011 година. Во целост го поддржав за одлуката на дневен весник. Но во тие моменти власта не беше подготвена да има објеткивна критика на дневна основа. Весникот Фокус имаше строга забрана да се продава во големите маркети. Во маалските гранапчиња беа условувани дека ако го продаваат Фокус, тогаш ќе им бидат повлечени весниците на МПМ, рече Младенова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега