Два пожари во текот на вчерашниот ден: Тетовец дошол да помогне при гасење па се здобил со повреди

Два пожари во текот на вчерашниот ден, едниот во Делчево, а другиот во Тетово.

Вчера во 17.00 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во село Град, делчевско, на место викано „Чука“. Од пожарот била зафатена нива од околу 10 декари со сува трева и 1 декар насад со модри сливи. Од страна на месното население и Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот бил целосно изгаснат.  

Исто така околу 16.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-село Гермо настанал пожар, кој се проширил во дворното место на 37- годишниот И.С и ја зафатил шталата и друг објект.

Според пријавеното, пожарот го забележал 38- годишниот И.З од Тетово, кој се обидел да го изгасне при што се здобил со повреди.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Извршен бил увид.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2019 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега