Со само 3 состојки: Природен напиток кој е најсилниот борец против вишокот килогами

Овој зачин е неверојатно лековит и помага да се ослободиме од масните наслаги. Станува збор за циметот кој помага за стабилизација на шеќерот во крвта, намалување на апетитот, но и за топење на масните наслаги.

Само половина лажичка цимет дневно помага за намалување на холестеролот, го подобрува варењето и придонесува за намалување на триглицеридите.

Но, комбинацијата на јаболки и цимет е најмоќната комбинација за регулирање на метаболизмот и ефикасно намалување на тежината.

За подготовка на вкусен напиток потребни ви се следните состојки:

1 јаболко

1 лажичка цимет

2 литри провриена вода

Начин на подготовка:

Исечете ја јаболката на кришки, додајте го циметот и прелијте со водата. Оставете така да отстои околу 1-2 часа. Пијте во текот на денот, кога и да посакате.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2019 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега