Наместо инфузија му ставиле средство за чистење - битолчанец починал поради бизарна болничка грешка
Наместо инфузија му дале средство за чистење под. Вистински скандал ја тресе битолската Клиничка болница по смртта на 60 годишниот Јорго Ангеловски на средината на минатиот месец, јавува Нова Македонија.
Ова го утврдило токсиколошкото вештачење на Институтот за судска медицина во Скопје, кое деновиве пристигна во Битола и кое беше доставено до истражните органи.
Како што објавува Нова Македонија, Ангеловски страдал од депресија. Откако испил поголема количина апчиња, тој сам дошол во болницата. Но наместо да му го исперат желудникот, докторите му ставиле средство за чистење по што тој починал.
За случајот СВР Битола поднела кривична пријава за убиство од небрежност против 43 годишниот техничар З.Д.
29.09.2013 - 21:24