СДСМ: Заев чека ТВ дуел со Никола Груевски

На сто пати повторените лаги од страна на ВМРО ДПМНЕ, уште еднаш ќе им реплицираме со покана да одговорат на следните прашања од кои упорно се обидуваат да избегаат:

Не е ли непотизам и судир на интереси назначувањето на првите братучеди и кумот на премиерот Груевски за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија, преседан незабележан во поновата политичка историја на Европа?

Дали Сашо Мијалков,братучедот на Никола Груевски се стекнал со фантастични една милијарда евра?

Како Гордана Јанкулоска,Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати?

Дали Груевски, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во којашто, во последниве 7 години, се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови?

На темата чест и морал, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е подготвен на директно телевизиско соочување со Никола Груевски, кога премиерот ќе собере храброст за ваков јавен настап.

 (Интегрален текст од реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Спиро РИстовски, ВМРО-ДПМНЕ)

29.09.2013 - 14:47

најчитано сега