„100 илјади поети за промена“ во Струмица

Во фоајето на Центарот за култура„ Антон Панов„ во Струмица вчера вечерта се одржа глобалната манифестација „100 илјади поети за промена“, на која годинава со својата социјално-ангажирана поезија настапија 20 македонски поети.

Глобалната манифестација, која се одржува во над 500 градови во 100 земји во светот е организирана од Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица„.

Претседателот  на здружението Митко Гогов е  задовелен од одѕивот и на младите и на неговите постари колеги-поети, кои и годинава со своите стихови од Струмица упатија апел за промени во светот .

- Годинава во манифестацијата за првпат ги вклучивме младите поети од средните училишта во Струмица, а со работилница и предавање пред учениците од ООУ „Маршал Тито“, го прошируваме нашето членство.И вечерва од овде преку нашата социјално-ангажирана поезија, до светот ќе упатиме апел за промени кои сакаме да ги видиме, како во социјалната, така и во материјалната сфера, против војните и геноцидот, но и да ја истакнеме љубовта, разбирањето и прифаќање на различноста меѓу луѓето, рече Гогов.

На манифестацијата беше промовиран првиот лманах во кој е застапена поезијата на 40 македонски поети, а беше отворена и изложба на 20 дизајнерски решенија за годинашниов плакат .

Оваа манифестација е организирана и финансирана од Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев.

29.09.2013 - 12:12

најчитано сега