61 лице загина во уривањето на зградата во Мумбај - заврши потрагата по преживеани

Во петкатна зграда која се урна пред два дена во индискиот град Мумбај животот го загубиле вкупно 61 лице, пренесува ДПА.

Над 30 лица до денеска беа извадени од под урнатините. Изутринава потрагата по преживеани беше прекината.

Се претпоставува дека причини за уривањето на 30-години старата градба, во која живееле општински службеници, е неквалитетната изградба или несоодветната реконструкција на приземјето на зградата.

29.09.2013 - 11:52

најчитано сега