Влегол на Онкологија и ги испразнил џебовите на пациентите - малолетник “харал“ низ Скопје
16 годишниот скопјанец А.Б. си заработи кривична, поради извршени четири џебни кражби од кои ќарил околи 6.900 денари.
Првата и втората кражба, А.Б. ги извршил во центарот на Скопје. Тоој им се приближил на две жени, просејќи им за пари, па искористувајќи го нивното невнимание, им ги украл паричниците во кои имале документи и пари.
Третата и четвртата кражба малолетникот ги извршил во скопскиот Клинички Центар, односно во одделот за Онкологија и во Центарот за трансфузиологија. Тој се протнувал во преполните ходници, го користел невниманието на пациентите и им ги крадел паричиците.
Дел од украдените паричници ги фрлал во контејнери, а дел се пронајдени кај него и вратени на ограбените скопјани. Од извршената проверка во крим евиденциите на скопската полиција, А.Б. минува за сторени повеќе кривични дела “кражби“, “тешка кражба“ и др.