Парламентарни избори во Австрија

Стартуваше гласањето за нов Парламент во Австрија. Вкупно 10 партии се борат за гласовите на 6,4 милиони Австријци. Анкетите покажуваат дека можност за надминување на прагот од четири проценти за влез во 183-члениот парламент имаат само седум од нив.

Гласачките места отворија во седум часот по локално време, а гласањето ќе трае до 17 часот. Првичните резултати ќе бидат познати нешто подоцна.

Фаворит во поголем дел од предизборната кампања беше Социјалдемократската партија, која победи и на претходните избори во 2008 година. Нејзиниот лидер, австрискиот канцелар Вернер Фајман, повторно има големи шанси да ја предводи и следната Влада.

29.09.2013 - 11:32

најчитано сега