Се судрија и скршија мотор и велосипед - прилепчанец загина во страшна несреќа

 

Вчера во 15:15 минути, се случила сообраќајна несреќа на улицата „11. Октомври“ во Прилеп.

Во сообраќајката учествувале мотор, управуван од 19 годишниот прилепчанец И.Ј. и велосипед, управуван од 83 годишниот Сребре К. Во несреќата, со тешки повреди се здобил велосипедистот и за жал, не успеал да се избори за својот живот. Тој починал во прилепскиот Медицински центар.

Надлежните екипи извршиле увид на местото на настанот.

29.09.2013 - 10:49

најчитано сега