„Не смее да се толерира употребата на хемиско оружје“ - Груевски ги осуди инцидентите во Сирија

Мирот, разрешување на конфликтите, заштитата на човековите права, се постулати на ОН, а денес се уште поголем предизвик на кој треба смело да пристапиме за да го надминеме. Република Македонија ги поддржува пристапите на Обединетите Нации за надминување на предизвиците. Активно придонесуваме во промоцијата на мирот на меѓународно ниво, учествувајќи во меѓународните мисии кои ја обезбедуваат слободата и демократијата, рече премиерот Груевски во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите Нации.

Според Груевски, не смее да се толерира употребата на хемиското оружје во Сирија, кое е строго забрането со меѓународните закони.

- Ова не смее да се толерира. Ние спаѓаме во оние држави кои побараа итна истрага, под покровителство на Механизмот на Генералниот секретар за истрага на наводна употреба на хемиско и биолошко оружје. И покрај гледиштата, сите земји-членки на Советот за безбедност и на Обединетите нации се обединети дека при разрешувањето на кризата треба да се даде шанса на политичкиот пристап, истакна Груевски.

Тој смета дека неопходно е да се сконцентрираат максимални напори на ревитализација на барањето за политичко решавање и свикување на конференцијата Женева ИИ колку што е можно поскоро.

- Сирискиот  народ заслужува подобри денови преку решителна акција на меѓународната заедница која ќе стави крај на насилствата и загрозувањата, рече Груевски.

28.09.2013 - 15:05
Фото: 
миа

најчитано сега