Вакцинирајте ги вашите миленичиња против беснило за 250 денари

Од денеска до 5 октомври годинава, ќе можете да ги вакцинирате своите миленичиња, кучиња и мачки, против беснило за 250 денари.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека оваа акција е дел од есенската кампања за борба против беснило и по повод Светскиот ден за борба против беснило - 28. септември. Целта на оваа акција е да се подигне јавната свест за ризикот од болеста и да се преземат мерки за нејзино спречување и ширење.

Погледнете кои ветеринарни станици се вклучени во кампањата www.ahv.gov.mk.

28.09.2013 - 10:50

најчитано сега