Ќе ве трогне: Шестгодишно дете собрало 400.000 долари за болното другарче (ВИДЕО)

Шестгодишниот Дилан Сигел го трогна светот покажувајќи ја својата хумана страна. Ова мало момченце собирало 400.000 долари за да го спаси животот на своето болно другарче, а сега ја напиша и книгата „Чоклед Бар“ во која раскажува што се случувало.

Неговото другарче боледувало од ретка болест на црниот дроб од која боледуваат многу малку луѓе во светот.

-Бев во шок- рече др. Давид Веинстеин, водачот на истражувачкиот тим кој ја проучува оваа болест за која сеуште нема лек. – Тој собра повеќе пари за наоѓање на лек за оваа болест отколку сите медицински фондови заедно, додаде тој за малото момче.

Целта на Дилан е да собере еден милион долари за болното другарче.

27.09.2013 - 15:03

најчитано сега