ВИДЕО: Меси со насмевка на лицето се појави на суд
Фудбалерот Лионел Меси денеска се појаввина суд во Шпанија каде што е обвинет за затајување на данок.
Меси пред судот го пречекале 30-тина навивачи и околу 100 новинари.
Шпанскиот обвинител во јуни поднесе тужба против Меси и неговиот татко поради тоа што се обиделе да ја прикријат заработката од продажбата на фотографии на фудбалерот. Меси е обвинет за прикривање на данок за 2007-ма, 2008-ма и 2009-та година и должи 4 милиони евра.
27.09.2013 - 14:56