Монструм силувал 17 годишно девојче

17 - годишно  девојче пред два дена било силувано од 36- годишен  човек во атарот на село Јаково, во близина на Белград.

Непознатиот човек ја поканил да се качи со автомобилот, а таа бидејќи била многу уморна прифатила.

Се било во ред додека не излегол од главниот пат,велејќи дека има и пократок.Како што сведочела девојката тој по кратко време го сопрел автомобилот и и наредил да се соблече.

Откако девојката не прифатила, човекот почнал  да ја тепа, ја силувал и наредил да се облече и ја одвел до нејзината куќа.

 Случајот бил пријавен во полиција , а по кратко време според описот кој бил даден, човекот бил уапсен.

Но според непотврдени извори, силувачот изјавил во полиција дека девојката сама се согласила на сексуалниот чин.

27.09.2013 - 14:20

најчитано сега