Собранискиот спикер им го честита 28 септември на Бошњаците

Собраниекиот спикер Трајко Вељаноски денеска го честиташе Меѓународниот ден на Бошњаците.

- Со задоволство сакам да истакнам дека со одбележување на овој ден се афирмира идентитетот и културата на Бошњаците во Македонија која е постоечка заедница во нашето мултиетничко општество и ги претставува добрите односи кои ги негуваат Македонците и останатите етнички заедници. Можам слободно да истакнам дека е потребно континуирано да работиме на меѓусебно разбирање и зближување на граѓаните од различна етничка и верска определеност, како и на почитување на моралните и духовни вредности, вели Вељаноски во честитката.    

 

27.09.2013 - 13:29

најчитано сега