Gossip Girl ќе се појави на филмското платно
Една од најпопуларните тинејџерски серии Gossip Girl, ќе се појави и на филмското платно.
Откако минатата година во декември беше прикажана последната епизода од оваа серија, започнаа и шпекулации, дека ќе се снима истоимен филм.
Како што изјавила актерката која ја толкуваше улогата на Лили Ван дер Вудсон, целата екипа се надева на снимањето на филмската верзија, само под знак прашалник е Блејк Лајвли.
„Сите се прашуваме дали ќе се изработи филм. Не знам, ќе видиме. Ќе биде прекраснои Блејк да ни се придружи, затоа што без неа нема да биде исто . Таа беше извонредна во серијата, би било многу тешко без неа. Толку многу приказни се вртат околу нејзиниот лик, така што незнам дали би функционирало без неа“, вели актерката.
27.09.2013 - 12:32