Велигденска честитка на градоначалникот Бакрачески до Митрополитот Тимотеј
Во пресрет на големиот Христијански празник ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО-ВЕЛИГДЕН, дозволете ми Вам, на целото свештенство од Дебарско-Кичевската Епархија и на сите православни верници да им го честитам празникот, да посакам здравје, благосостојба, духовен мир и спокој во секоја човечка душа.
Воскресението Христово е радосен миг за човештвото. Тоа е доказ на Божјата љубов кон човекот, а самото Воскресение ја потврди вистината дека животот е посилен од смртта за сите оние кои го одат Христовиот пат. За да го доживееме воскресението Христово, потребно е како Богоугодни христијани да ја утврдиме нашата цврста вера во христијанската вистина и правда, да го носиме секогаш во нас трпението и милосрдноста и да бидеме следбеници и достојни синови на Христос Спасителот.
Чествувајќи ги овие големи празнични денови, секој од нас треба да се преиспита колку ние со нашиот однос и нашите постапки достојно го следиме Христовото учење и што можеме да направиме да ја зацврстиме православната вера во секој од нас. Предизвиците што ги носи животот, треба да не направат посплотени и помудри во нашите постапки кои се одразуваат врз животите на нашите граѓани. Божјата сила нека ни даде вистински насоки при носење на нашите одлуки кои треба да донесат благосостојба на граѓаните, просперитет на Охрид и напредок на Република Македонија.
Нека е честит големиот ден ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО- ВЕЛИГДЕН и нека Господ Бог го благослови овој православен христијански народ.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА
Интегрален текст од честитката на Бакрачески.
ФОТО:Денешен