Меморандум за соработка меѓу Македонско-бугарската стопанска комора и Источнопланскиот регион

Денеска претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски, ќе потпише Меморандум за соработка со Советот на Координативното тело на Источниот плански регион.

Според Темелковски функционирањето на планските региони  во Македонија е одличен пример за примена на модерните европски бизнис и политички трендови.

- Тоа е модел на Европската унија за ефикасна децентрализација и локална интегрираност. Поврзаноста на општините не прави поотворени во користењето на флексибилна работна сила, помоќни за заеднички инфраструктурни, за енергетски, аграрни и еколошоки проекти,изјави Темелковски.

Темелковски додава и дека општините од овој плански регион се европската порта на Македонија кон Грција и посебно кон пријателска Бугарија, без предрасуди и стереотипи.

-Овој простор од Западна Бугарија и Источна Македонија можеме да го проектираме како Бизнис- без граници. Тоа е основен мотив и лого на нашата заедничката стопанска комора, истакнува претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора.

Порача дека од овој мал европски регион може и мора да се продуцира и еден препознатлив, заеднички балкански бренд за европските пазари. - Заедно, вели, имаме повеќе шанси да не остенеме балканска калдрма“.

27.09.2013 - 11:22
Фото: 
Факултети.мк

најчитано сега