Грција ќе се обиде да стави уште едно вето - ќе настрада канадското „Фета“ сирење

Главниот секретар на грчкото Министерство за земјоделски развој и храна, Димитрис Мелас, изјави дека Грција ќе ги искористи сите законски можности, дури и да стави вето, со цел да го спречи увоз во ЕУ на бело сирење од брендот „фета“ од Канада.

Оваа изјава на Мелас е по повод пеговорите за слободна трговска размена меѓу ЕУ и Канада. Мелас нагласи дека Грција во писмена форма го известила канадскиот претставник за своите намери, како и дека планира прашањето со „канадската фета“ да го постави на планираната  средба на ЕУ во ноември.

 И Европскиот суд и Европската комискија, донесоа одлука дека сирењето „фета“ е грчки бренд и дека тоа може да се нарекува така само доколку е произведено во одредени региони во Грција.

27.09.2013 - 10:29

најчитано сега