„Вашингтон пост: Сирското хемиско оружје може да биде уништено за пократок рок

 

Голем дел од сириското хемиско оружје не е во состојба да биде непосредно употребено и може да биде уништено во пократок рок од очекуваното пишува  весникот   „Вашингтон пост“ 

Во извештај поднесен до Белата куќа, се наведува дека сирискиот арсенал може да биде неутрализиран за девет месеци.

Како што кажуваат експертите, Сирија располага со повеќе од 1.000 тони хемиско оружје, вклучително 300 тони иперит. Токму и поради формата во која се чува , ризикот да биде украден или скриен од терористички групи не е многу голем.

 Како што пишува весникот другото  хемиско оружје се состои од течни хемикалии, што се чуваат во форма на два различни продукти кои треба да се измешаат со цел да се употребливи.

27.09.2013 - 10:24

најчитано сега