Се урна зграда во Мумбај - 25 лица затрупани под урнатините

Денеска во градот Мумбај, Индија се урна петкатна станбена зградa.

Како што известуваа тамошните медиуми, зградата се урнала рано утринава „непосредно пред разденување.“Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до 25 лица,за кои се претпоставува дека се затрупани под урнатините.

Ова е втор ваков случај во Мумбај годинава. Во јуни се урна трикатна зграда, при што загинаа десет лица.

 Уривањето на загради во Индија се честа појава, бидејќи поради големата побарувачка на станови во индиски градови, кои забрзнао се развиваат, но и поради раширената корупција градежните фирми честопати користат неквалитетни материјали или градат повеќе катови од одобреното.

27.09.2013 - 09:49

најчитано сега