Утрово сонце - попладне облаци и малку дожд

Претпладнево во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во северните делови од земјата ќе има услови за слаб локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од два до 13, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје  времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а ќе има услови и за слаб повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 26 степени. 

27.09.2013 - 07:54

најчитано сега