ВИДЕО: 5 затвореници забарикадирани во ќелија во затворот во Штип - се закануваат со самоповредување

 

Петмина затвореници во затворот во Штип се забарикадирале во својата ќелија и се закануваат дека ќе се самоповредат.
Како што
јави штипската телевизија ТВ Стар, кај нив биле пронајдени мобилни телефони, што е спротивно на правилата на затворот, заради што им биле одземени. Но, петемина затвореници се жалат дека мобилни имаат и други затвореници, и дека тие се привилигирани и ги користат за разлика од нив.

Во моментов, според информациите течат преговори. Затворската управа ги убедува да ја отворат ќелијата, а тие се закануваат со самоповредување со приборот за храна.


Видеото е објавено вечерва, а до овој момент нема информации за исходот.
Од полицијата се уште нема официјална потврда за овој случај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2019 - 00:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега