Претепан маж заврши на скопските клиники

 

Во текот на вчерашниот ден скопјанец бил нападнат додека се движел по улица, а поради нанессените повреди е пренесен на скопските клиники.

Вчера во 22 часот и 57 минути во СВР Скопје, било пријавено дека 62- годишниот Д.Т од Скопје бил физички нападнат од непознато лице на улица Јуриј Гагарин во Скопје, соопштуваат од МВР.

Д.Т. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2019 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега