Физичка пресметка среде џамија во велешко Оризари

 

Во џамија во велешко Оризари, вчера се пресметале три лица, татко и син на едната страна а на другата 18- годишно момче.

Вчера околу 12 часот и 40 минути било пријавено дека во џамија во село Горно Оризари, велешко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 18- годишниот Е.М и неговиот татко 51- годишниот Ф.М, двајцата од село Горно Оризари, од една страна и 18- годишниот С.Ф од село Горно Оризари, од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2019 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега