Беличанец-Алексиќ ги посети УЗ „11-ти Октомври-згради“ и „Никола Кљусев“
Градоначалникот на Кисела Вода Билјана Беличанец–Алексиќ заедно со раководниот тим од општината и претставници од подрачните единици на јавните претпријатија ги посети урбаните заедници „11-ти Октомври-згради“ и „Никола Кљусев“.
Градоначалничката на Кисела Вода наајави дека во урбаната заедница „11-ти Октомври-згради“ во следниот период ќе се изгради фекална и атмосферска канализација за улицата „Ѓорѓи Сугаре“, а ќе се урбанизира и просторот на улицата „Пушкинова“ бр. 4, каде ќе се прошири јавниот паркинг.
Во населбата „11-ти Октомври–бараки“ граѓаните изразија благодарност до градоначалникот за изработените тротоари на улицата „Трајко Иванов“ и за санирањето на ударните дупки во оваа населба. Побараа да се изврши поплочување на тротоарот на улицата „Спиро Гулапчев“, поплочување на неколку сервисни улици во населбата и изградба на дополнителни сливници за атмосферската канализација.