Хорор во Штип: Си ја избодел сопругата до смрт па се ранил

Пред околу два часа во Штип се случил вистински хорор. Штипјанец си ја убил сопругата во центарот на градот, дознава Курир.

Според информациите на порталот, се работи за 59-годишниот Д.П. кој околу 14 часот со остар предмет до смрт ја избодел својата сопруга, 53-годишната С.П.

Откако ја убил сопругата, штипјанецот се самоповредил, а сега се наоѓа во Клиничкиот центар во Штип.

Увидот е во тек а полицијата повеќе детали најавува за подоцна.

 

26.09.2013 - 15:43

најчитано сега