Атина: Македонија со низа провокации ја прекрши Спогодбата од 1995

Непосредно пред средбата на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и неговиот грчки колега Евангелос Венизелос која ќе се одржи денеска во Њујорк, грчото министерство за надворешни работи утринава објавило соопштение во кое го повторува својот став и ја обвинува Македонија дека со провокации го прекршила духот на Спогодбата потпишана во 1995 година, пишува Нова.

  -Прашањето за името на Поранешна Југословенска Република Македонија не е само спор околу историските факти или симболи. Се однесува на однесувањето на членка на ОН, Поранешната Југословенска Република Македонија, што е во спротивност со основните принципи на меѓународното право и поредок; конкретно, почитувањето на добрососедските односи, суверенитет и територијален интегритет, стои во соопштението на грчкото министерство.

Грчкото МНР се осврнува на историјатот на спорот за името и 

Грчкото министерство се осврнува на историјатот од каде произлегува прашањето за името, а ги посочува и моментите во кои, според Атина, Македонија ја прекршила Привремената спогодба потпишана во 1995 година.

-Проблемот се појави во 1991 година, кога Поранешната Југословенска Република Македонија се отцепи од Југославија и прогласи независност под името „Република Македонија. Историски гледано, терминот „Македонија“, кој е грчки збор, се однесува на Кралството и културата на античките Македонци, кои припаѓаат на Хеленската нација и се несомнено дел од грчкото историско и културно наследство.Географски, терминот „Македонија“ се однесува на поширокиот регион кој се протега во сегашната територијата на повеќе балкански земји, најголемиот дел од регионот е во Грција, додека помали делови во Поранешна Југословенска Република Македонија, Бугарија и Албанија. Суштината на она што беше античка Македонија, лежи во современите грчки граници, и се состои од северниот дел на грчката држава кој се нарекува Македонија. Околу 2,5 милиони Грци денес живеат во овој регион, и тие и нивните предци низ векововите се сметале, и се нарекувале Македонци“, стои во соопштението на грчкото МНР.

Целото соопштение погледнете го на НОВА.

26.09.2013 - 15:31

најчитано сега