Ја плеснал по задникот па ја отпуштил од работа - Британка доби оштета од 13.000 фунти

Млада Британка доби голема сума на пари бидејќи нејзиниот директор прво ја плеснал по задникот, а потоа ја отпуштил од работа. 

Се работи за младата Елизабет Каувиг  од Велика Британија која поради понижувањето кое го претрпела доби 13 илјади фунти оштета, откако судот во Ливерпул пресуди во нејзина корист.

Адвокатот на 22-годишната Каувиг изјави дека неговиот клиент потојано бил изложен на „сексуално вознемирување и прогонување“ од својот директор кој е доволно возрасен за да и биде татко. Во текот на судењето, Каувиг објасни дека нејзините маки со директорот почнале уште веднаш по вработувањето во фирмата. Таа, како што вели, постојано била „бомбардирана“ со сексуални понуди и „големото сексуално внимание“ што и го посветувал директорот траело во двете години колку што девојката работела.

Директорот секојдневно ја допирал и ја милувал по рамениците и ја бакнувал по челото.Таквото однесување кулминирало кога еден ден, пред сите вработени, тој ја плеснал по задникот.

 

26.09.2013 - 14:33
Фото: 
Кајгана

најчитано сега