Генералите на СФОР ќе проговорат за падот на „Кингерот“

Своја изјава ќе дадат генералите на СФОР кои ја имаат направено авио-мапата за движење на авионите во Босна и Херцеговина пред несреќата кај Мостар на 26. февруари 2004 година во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски и осумчлената делегација , информираше денеска првиот човек на меѓународната комисија Омер Кулиќ.

Кулиќ објасни дека генералите на СФОР ќе треба да одговорат зошто ја направиле таквата воздухопловна мрежа и постапката за полетување и слетување над босанското небо.

Според Кулиќ, исказот на генералите од СФОР е многу поважен за истрагата отколку евентуалниот нов исказ од двајцата контролори на летање кои биле на работа на кобното утро. Се работи за двајца воздухопловни поручници од францускиот контингент, кои беа прераспределени на други должности во Франција, односно Афика два месеци по несреќата.

- Во досегашниот тек на истрагата, имаме добиено изјави од сите страни кои ни беа од интерес во Македонија, значи од механичарите на авионот, па се до министерот за транспорт. За брзо време ќе биде изведен и симулаторски лет, кој ќе се базира на сите подататоци кои се однесуваат на текот на летањето пред тој да се урне во ридот над селото Ротимље, близу Мостар. Не сакам да дадат посебен став за досегашниот тек на истрагата, бидејќи тој ќе може да биде погрешно протолкуван во јавноста. Токму јавноста, откако ќе биде завршен целосниот наш извештај ќе има можност да го види преку сретствата за јавно информирање, рече првиот ловек на Комисијата која го истражува падот на Кингерот.

26.09.2013 - 14:23

најчитано сега