Хирург оперирал жена со пенкало и џебно ноже

Хирург успеал да спаси жена која се давела од парче месо. Овој искусен хирург извел операција само со помош на хемиско пенкало и џебно ноже.

Се работи за хирургот Ројс Џонсон кој бил на вечера во ресторан, кога една жена почнала да се дави, при што откако не успеал да го исфрли парчето месо од нејзиното грло, со џебно ноже направил рез на вратот, а потоа хемиското пенкало го ставил во отворот за да служи за дишење, па така и го спасил животот на жената.

По траумата која ја преживеала, оваа жена била префрлена во болница.

26.09.2013 - 11:41
Фото: 
Доктори.мк

најчитано сега