Инцидент на кардиологија: Тепачка меѓу медицински сестри
Тепачка меѓу две медицински сестри вработени во Клиниката за кардиологија при комплексот клини „Мајка Тереза“ е пријавена вчера во полиција. Како што информира МВР поради претходно меѓусебно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 47-годишната М.Т. и 41-годишната Д.Р. и двете од Скопје, вработени како медицински сестри. По преземени мерки против лицата е поднесен соодветен поднесок.
28.12.2018 - 14:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа