Прегазен маж итно однесен на Клиника
На магистралниот пат Крива Паланка - Куманово на место викано „Света Петка“,вчера 45-годишниот М.Ш. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешак, 68-годишниот Ц.С. од Куманово. Ц.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Куманово, од каде е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.
28.12.2018 - 09:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа