Грчката полиција со солзавец против гневните демонстранти

За време на протестот против крајнодесничарската партија „Златна зора“ во Атина, полицијата мораше да интервенира со солзавец за да ги растера гневните демонстранти.

Илјадници Грци се приклучија на протестот до штабот на партијата, кој се наоѓа на околу пет километри од центарот на Атина и фрлаа со камења и шишиња врз полицијата.

Инаку, во Грција веќе неколку денови се одржуваат протести.

 

 

26.09.2013 - 09:22
Фото: 
Фактор.мк

најчитано сега