Сајкоски денеска во Вевчани

Заменик министерот за локална самоуправа Ѓоргија Сајкоски денеска ќе ја посети општината Вевчани, каде ќе се сретне со градоначалникот Цветомир Угриновски.

На состанокот, заменикот министер ќе се информира за реализацијата на тековните проекти во општината и поддршката од страна на Министерството за локална самоуправа за нивна целосна и ефикасна имплементација.

Приоритетна тема на состанокот ќе бидат проекти кои се финансираат од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството, како и од Програмата за прекугранична соработка, на Европската унија. 

26.09.2013 - 08:31
Фото: 
mls.gov.mk