Тетово: Почнале кавга за паркинг, па извадил пиштол

 

 

Во Полициската станица Тетово, вчера во 03:20 часот 24-годишниот А.И. и 22-годишниот А.С. од Тетово пријавиле дека околу 03 часот, откако излегле од дискотека лоцирана на ул.„Маршал Тито“ се упатиле кон нивните возила кои биле паркирани на истата улица. Пред нивните возила било паркирано друго возило, од кое не можеле да заминат. По кратко време дошол 39-годишниот И.И. од село Мала Речица и почнале расправија околу паркирањето. И.И. им се заканил со пиштол. По преземени мерки, И.И. е лишен од слобода. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2018 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега