Четврта жртва од македонскиот автобус што се преврте кај Лесковац - почина уште една една жена

 

Македонската државјанка С.Т., која беше тешко повредена во несреќата што се случи на 16 декември во Лесковац, Србија, починала ноќеска во Клиничкиот центар во Ниш, објави „Блиц“. Таа е четврта жртва од автобусот што се преврте. Во несреќата шест лица беа тешко повредени, а 32 се здобија со полесни повреди.

Патничката С.Т. имала скршеница на карличната коска и била оперирана во болницата во Ниш. Таа, исто како и уште еден од сериозно повредените патници, била приклучена на апарати за дишење.

Автобусот кој патувал од Битола за Виена слета од коловозот при лоши временски услови и лизгав пат поради снежни врнежи. Тројца патници загинаа на самото место. Засега нема информации за причината за несреќата. Српските медиуми објавија неофицијални информации дека возачот возел пребрзо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2018 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега