Храна која го уништува салото на стомакот - може да ги јадете во големи количини без грижа на совест
Токму овој тип на намирници имаат многу малку калории, го подобруваат варењето и се богати со влакна, за да се чувствувате најадени.
Еве за кои намирници зборуваме:
Пуканки
Кога ги готвите без путер или шеќер, можете да ги јадете колку сакате, без да се грижите дали ќе влијаат на вашата фигура. Пуканките имаат само 31 калорија во една мерка (мислиме на рака полна пуканки).
Целер
Целерот 95% е само вода, па е одличен за детоксикација и губење на тежината.
Модар патлиџан
Печениот модар патлиџан или подготвен на скара можете да го јадете во колкави сакате количини без да се грижите за калориите, бидејќи без масло, истиот содржи само 24 калории.
Портокали, грејпфрут и мандарини
Некои луѓе препорачуваат да не консумирате големи количини на овошје, но тоа не важи за цитрусните овошја. Тие се богати со влакна кои го регулираат варењето и помагаат во слабеењето. Меѓу другото, влакната помагаат да не чувствувате глад. Исто така, содржат флавоноид нарингенин кој спречува дебелеење, бидејќи му помага на црниот дроб побрзо да ги процесира вишокот масти. Витаминот Ц кој добро знаеме дека го има во овие овошја, има позитивни ефекти на еластичноста на кожата и целулитот го прави помалку видлив.
Лубеница и диња
Со од 60 до 70 калории, овие овошја можете да ги јадете буквално цел ден. Лубеницата и дињата инаку, го отстрануваат вишокот на течности во телото.
Алги
Морските алги се богати со јод кој воспоставува нормално функционирање на тироидната жлезда, а тоа значи и одржување на тежината.
Тиквички
Една тиквичка содржи само 42 калории, а меѓу другото го доведува во баланс нивото на вода и сол во телото - еден од најважните фактори за витко, слабо тело. Тиквичките се богати со вода и влакна па ќе направат побрзо да се чувствувате полни.
Краставици
Краставиците се незаменливо овошје за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот вода во телото и да одржуваат нормална тежина.
Цвекло
Цвеклото е одличен извор на минерали, посебно магнезиум, кој помага во согорувањето на мастите, ги регулира нивоата на шеќер во крвта и помага во градењето на мускулите. Цвеклото лесно можете да го претворите во салата или лесно смути, а една порција содржи само 40 калории.
Јајца
Јајцата можете да ги јадете во било кое време, дури и навечер кога сте прегладнете, а не сакате да претерате со внесената количина на калории. Секако, најдобро е да ги консумирате сварени, наместо пржени.
Ананас
Ананасот содржи бромелаин кој помага во согорувањето на мастите и помага во варењето на протеините.
Јаболка и сливи
Едно јаболко содржи само 50 калори, а помага во регулирање на цревната функција. Како и сливите, богати се со витаминот Ц и калиум кои ги одржуваат вените и артериите здрави.
Рукола
Руколата е одличен зеленчук кој содржи фолна киселина. Оваа киселина „ги јаде“ килограмите. Инаку, руколата содржи само 3 калории.
Шумско овошје
Шумското овошје содржи огромни количини на витамин Ц кој помага да се согоруваат мастите, а исто така, имаа и диуретски ефект, па помага во ослободувањето до насобраната вода во телото.
Зелка, брокули, карфиол
Зелките од секаков тип послужени во една порција содржат само 7 калории, а можете да ги јадете во супа, салата, како главно јадење, во смути... Секако, не треба да претерувате, бидејќи овие зеленчуци го зголемуваат согорувањето на јод во крвта и го менуваат нормалното функционирање на тироидната жлезда, ама сосема доволно е да ги јадете барем еднаш на ден.
И конечно, уште една добра вест:
Ако сакате да ослабете, важно е да не јадете најмалку 3 до 4 часа пред спиење. Па, ако си легнувате во 11 часот, најдобро е да вечерате до 9 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа