Оваа диета ја осмислил научник: Заборавете на салото, пет дена од оваа исхрана прави чуда
Познато е дека јаглените хидрати најмногу влијаат врз вишокот на килограми, бидејќи со нивно прекумерно конзумирање се создава складиште во телото во облик на масти, односно сало. Токму поради тоа, исхранта без јаглени хидрати е смислена за да се поттикне организмот да ги потроши јаглените хидрати и да ги користи наслагите од сало како извор на енергија - со што ќе дојде до губење на килограмите.
Творец на диетата без јаглени хидрати се смета научникот Аткинс, па според него ова диета се нарекува Аткинсова диета. Со елосно исклучување на јаглените хидрати од исхраната, или ограничување на нивно внесување од 15 до 20 грама дневно, е првата ставка на која треба да се придржувате. Освен тоа, неопходно е додатно внесување на протеини, како и витамини А, Ц, Б, Е, магнезиум и калциум.
Прв ден
Појадок: омлет со зеленчук, пржен на маслиново масло. Зеленчукот може да се пропржи, но подобро е да се изеде во свеж облик.
Ручек: чорба или супа од зеленчук која не содржи јаглени хидрати, скара со прилог од зелечук или печурки.
Вечера: јогурт, шака јаткасто овошје.
Втор ден
Појадок: јајца со сланина
Ручек: плескавица без леб, салата од зеленчук
Вечера: лосос подготвен на маслиново масло или зеленчук на скара
Трети ден
Појадок: две пржени јајца на путер, печурки или некој зеленчук, чај
Ручек: салата од морски плодови
Вечера: месо на скара со зеленчук
Четврти ден
Појадок: сардина или туна во конзерва
Ручек: обарен зеленчук и парче мисиркино месо
Вечера: говедска шницла и салата
Петти ден
Појадок: јајце со сирење
Ручек: печен батак со малку маслиново масло
Вечера: пржени парчиња свинско со зеленчук
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа