„Трето Полувреме“ прикажан на фестивал во Виена

„Трето Полувреме“ во режија на Дарко Митревски и продукција на Кино Око, се прикажуваше на Let’s cee film festival во Виена.

На фестивалот присуствуваше Исзтван Сабо, кој го промовираше новиот филм и Александар Сокуров кој беше застапен со ретроспектива на неговите филмови.

На Фестивалот му беше доделена награда за животно дело на познатиот продуцент, двоен оскаровец Бранко Лустиг.

По завршување на проекцијата, продуцентот Роберт Насков, одговараше на прашања од публиката.

25.09.2013 - 14:04

најчитано сега