Крвава семејна драма: Ја заклал слепата мајка бидејќи го разбудила од спиење

Вистински хорор ја потресе Србија. 43-годишен Србин ја заклал својата слепа мајка бидејќи го разбудила да вечера.

Како што пренесува српскиот телеграф, се работи за Горан Костиќ од Јагодина кој раскажува дека ја убил својата мајка, 76-годишната Мирса Костиќ, само бидејќи го разбудила од спиење, а потоа телото го подготвил за погреб.

- Ја убив зашто ме тераше да се разбудам. Подоцна ја подготвив за погреб како што налагаат обичаите објаснил Костиќ.

Инаку, Горан е лице со психички проблеми. Тој бил лекуван во психијатриска болница во Прешево, а по делото кое го направи, повторно е однесен во психијатриска установа.

 

25.09.2013 - 13:08
Фото: 
А1.он